Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на примена на заеднички безбедносни стандарди на божиќните пазари низ целата земја, со оглед на смртоносните напади во последните години.
„Секако дека поддржуваме секаков облик на координација и хармонизација на безбедносните концепти, бидејќи овој проблем, кој е заштитата на посетителите на божиќните пазари, постои во сите наши федерални држави“, рече тој за време на посетата на градот Хале.
Додаде дека федералната влада ги поддржува напорите за постигнување заеднички стандарди кога станува збор за безбедноста на овие саеми, омилени места за собирање на многу посетители.
До вторник не беше сигурно дали божиќниот пазар во Магдебург ќе се отвори од безбедносни причини, но во текот на денот отворањето беше потврдено за четврток.
Минатата година, возач возеше автомобил низ централниот дел од градот каде што се наоѓа саемот, при што загинаа шест лица, а стотици беа повредени. Возачот моментално е на судење во Окружниот суд во Магдебург. Во декември 2016 година, цел на сличен напад беше саем во центарот на Берлин, кога беа убиени тринаесет лица.
„Навистина ме вознемирува тоа што повеќе не можеме да организираме божиќни пазари дури ни во помалите градови без потреба од сеопфатен безбедносен концепт“, рече Мерц







