"Honda" минатата недела, на специјална технолошка работилница, ги претстави своите најнови напредни решенија за автомобилите што треба да се појават на пазарот во втората половина од оваа деценија.
Нова платформа за идната генерација
Клучните новини вклучуваат нова платформа за следната генерација хибридни модели, хибридно-електричен систем дизајниран за големи хибридни возила наменети за северноамериканскиот пазар, како и технологии за компактен електричен автомобил базиран на прототипот "Super-ONE", неодамна претставен на "Japan Mobility Show 2025".
"Honda" постави исклучително амбициозни цели: целосна јаглеродна неутралност за сите производи и деловни активности, како и нулта стапка на смртност во сообраќајни несреќи со возила на "Honda" до 2050 година.

Уживањето во возењето останува централна вредност
И покрај забрзаната електрификација, компанијата продолжува да ја негува својата традиционална вредност – „уживањето во возењето“. На тоа се надоврзува и препознатливиот човек-ориентиран дизајн познат како M/M концепт.
Новата генерација платформа за хибридни возила, чија примена започнува во 2027 година, носи иновативни технолошки решенија што овозможуваат:
• повисока цврстина на каросеријата со намалена тежина,
• модуларна архитектура и подобра стандардизација на деловите,
• подинамично и поспортско возачко искуство.

Ќе се врати ли "Honda" силно на европскиот пазар?
Се надеваме дека овие новитети ќе ја „оживеат“ јапонската марка на европска територија. Во последниве години "Honda" значително забави во процесот на транзиција – не толку поради моделите, колку поради цените, кои станаа значително високи, особено во Европа.










