Остатоци од човечко тело пронајдени во кавадаречко Сопот, предадени за обдукција и ДНК анализа

Макфакс

08/11/2025

14:11

1.447

Големина на фонт

а а а

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот.


- Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, појаснија од СВР – Велес.