Тудор добил понуда за работа Англија

Макфакс

08/11/2025

13:03

200

Големина на фонт

а а а

Игор Тудор пред десет дена доби отказ во Јувентус, а веќе добил понуда за нова работа. Според медиумите на Англија, Тудор добил повик од Вулверхемптон, кој неодамна го отпушти Витор Переира.

Главен ривал на Тудор за работата ќе биде уште еден поранешен тренер на Јувентус, Тијаго Мота. Интересно е што двајцата сè уште прмаат плата во Јувентус. Тоа ќе биде така се додека не најдат клуб.

Мота има договор до 30 јуни 2027 година, вреден околу 5,5 милиони евра по сезона, на што треба да се додадат уште два милиони бруто за неговиот тренерски персонал.

Договорот на Тудор е малку помал, а неговата вкупна бруто цена за Јувентус е приближно половина од онаа на Мота, односно околу осум милиони евра.

„Волците“ се најлошиот тим во Премиер лигата оваа сезона, со само два освоени бода и без ниту една победа во првите 10 кола.