Кин ги подбра навивачите на Ливерпул за сцената на „Енфилд“: Не покажаа класа, треба да се погледнат во огледало

Дерби

06/11/2025

12:16

444

Големина на фонт

а а а

Навивачите на Ливерпул не беа воодушевени од одлуката на Трент Александер Арнолд да не го продолжува договорот и го исвиркуваа на крајот на минатата сезона, но сега продолжија во ист ритам и на првиот натпрвар на дефанзивецот како ривал на омилениот клуб.

Десниот бек влезе како резерва на Реал Мадрид и не доби воопшто топол пречек, а свирежите од трибината ја поделија јавноста, но и фан базата на клубот од „Енфилд Роуд“.

Говорејќи во таа насока, Рој Кин сега реши да им фаќа сеир на големите ривали, потенцирајќи дека навивачите со овој потег покажале дека сепак не поседуваат таква класа за каква говорат со години наназад.

– Навивачите на Ливерпул ги бие глас дека се лојални и дека секогаш се ниво над останатите. Не ми е гајле што велат другите, да исвиркувате така играч на кој му истекол договорот за мене не е во ред.

– Не велам дека треба да се пречека со подигнати палци поради тоа што си замина, но да исвиркате играч кој одигра речиси 300 натпревари и чија статистика е фантастична, за мене не изгледа логично. Нема потреба да му посакаат среќа во Реал Мадрид, треба да се покаже само почит. Да се исвирка дете од клубот не е покажување на класа, навивачите на Ливерпул треба да се погледнат во огледало, – вели Рој Кин.