Тренерот на Денвер по најновото шоу на Јокиќ: Уживајте додека можете, ова нема да се повтори

Дерби

06/11/2025

12:15

634

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ ја стартуваше новата НБА сезона во најдобар можен ритам, а рано утрово стигна до петти трипл-дабл на седмиот меч кој го одигра.

Српскиот центар продолжува да брилјира и доминира на НБА паркетите, а во победата над Мајами имаше учинок од 33 поени, 15 скокови и 16 асистенции, но исто така придодаде и со 3 украдени топки.

Јокиќ по 71-ви пат во својата кариера оставри трипл-дабл уште во третата четвртина на еден натпревар, по што тренерот на Денвер им порача на фановите да уживаат во она што го гледаат, бидејќи според него играч како Никола нема да се повтори во брзо време.

– Како навивачи, уживајте во ова додека трае. Вакво нешто веќе никогаш нема да видиме, – изјави тренерот на Денвер, Дејвид Аделман.

Јокиќ беше блиску до трипл-дабл и на претходните два натпревари, а инаку стартуваше со таков учинок на првите четири натпревари во сезоната против Голден Стејт, Феникс, Минесота и Њу Орлеанс.