Во свет каде технологијата постојано ја редефинира иднината, Avenga Academy (Авенга Академи) веќе 15 години го гради мостот меѓу знаењето и реалните вработувања. Како дел од глобалната групација Avenga, академијата претставува еден од највлијателните центри за едукација во областа на ИТ, дизајн и бизнис, создавајќи заедница од над 20.000 алумни и 200 искусни ментори.
Под мотото „When I complete Avenga Academy, I won’t tell, but there will be signs“, Академијата „Авенга“ ја лансира својата нова кампања посветена на студентите кои преку труд, знаење и истрајност ги градат своите кариери – без големи зборови, но со видливи резултати. Токму врз максимата „Делата зборуваат посилно од зборовите“ се потпираат новите комуникациски активности на едукативниот центар специјализиран во сферата на бизнисот и ИТ индустријата.
„Во време кога сите зборуваат, ние решивме да оставиме делата на студентите да зборуваат наместо нас. Нашата нова кампања ја симболизира суштината на она во што веруваме — дека вистинскиот успех не се декларира, туку се гледа преку резултати. Во изминатите 15 години изградивме заедница од над 20.000 студенти и 200 ментори кои секојдневно докажуваат дека знаењето и посветеноста значат повеќе од празни зборови и ветувања“, велат од менаџерскиот тим на Avenga Academy.
Avenga Academy е носител на меѓународни лиценци и сертификати од светски брендови како Microsoft, Cisco, CompTIA, EC-Council, ISTQB, Kryterion, ACI, Certiport и Meazure, преку кои ги спојува највисоките образовни стандарди со практично искуство за да ги подготви студентите за иднината на работата, каде технологијата и човечкиот потенцијал одат рака под рака.

Годинава, едукативниот и тренинг центар ја прошири својата програма со уште две нови академии: програмирање со примена на вештачка интелигенција и продукт и проектен менаџмент, но постои и надополнување на постоечките програми со модули на примена на вештачка интелигенција, како и алатки кои се побарувани на пазарот. Дополнително, отворени се и уписите за: Web Design и Front-End Development, Graphic Design со Figma и Video Content Creation, Game Design и Production, UI/UX Design, Sales & Business Development, Computer Networks & ITOps, Cyber Security, Software Testing со Playwright и AI, DevOps, Data Science и Digital Marketing.

Со силен фокус на иновација, практична примена и партнерства со индустријата, академијата претставува мост меѓу образованието и професионалниот свет, подготвувајќи ги идните генерации за вистинските предизвици на пазарот.
„Авенга Академи“ (поранешен Сеавус Едукативен и Развоен Центар) е пионер на модерното неформално образование и дел е од глобалната групација „Авенга“.
Комерцијален текст











