Спринт дуелот на Модриќ со 18 години помлад фудбалер ги воодушеви присутните на „Сан Сиро“

Дерби

03/11/2025

11:57

390

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ на 40-годишна возраст поставува нови стандарди за еден играч за врска во Серија А, бидејќи легендарниот хрватски фудбалер делува несопирливо и неуморно на натпреварите, дури и во ситуација кога во континуитет игра по 90 минути.

Модриќ повторно беше еден од најдобрите во дербито со Рома и еден од оние кои истрчаа најмногу километри, а за прекумерното залагање, во најголем дел од ситуациите добива поздрав од навивачите на Милан.

Лука се обидува да биде поддршка за своите соиграчи на секој дел од теренот, па очигледно нема проблеми да се врати во одбрана и да помогне кога противникот сака да организира некоја контра.

На вчерашниот меч, Модриќ покажа дека е извонредно физички подготовен и во спринт дуелот кој го имаше со 18 години помладиот Соуле, па исходот од целата ситуација наиде на голем поздрав.

Навивачите го наградија Модриќ со овации за својата пожртвуваност, а видеото експресно стана и најсподелувано од фановите на социјалните мрежи.