Герасимовски: Реконструкција на „50 Дивизија“ и нова градинка во маалото

Макфакс

31/10/2025

12:58

134

Големина на фонт

а а а

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави почеток на целосна реконструкција на улица „50 Дивизија“, со која улицата ќе добие современ, функционален и безбеден изглед. Проектот предвидува еднонасочно движење и ново коловозно решение, со што ќе се подобри протокот на сообраќајот и ќе се создадат нови резидентни паркинг-места.

„Со проширување на тротоарите, поставување бариери против диво паркирање, ново ЛЕД осветлување и зеленило, овој потег ќе стане поурбан, побезбеден и поудобен за сите жители. Како трајно решение за паркирањето, предвидена е и катна гаража, со која конечно ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните од овој дел на Центар,“ рече Герасимовски.

Тој најави и изградба на нова градинка во населбата по скандинавски терк, со што просторот добива целосно нова вредност, урбано, зелено и безбедно маало за сите центарци.

Во новата програма се предвидени и следниве инфраструктурни зафати: реконструкција на ул. „Ленинова“ – од бул. „Партизански одреди“ до Паркот на франкофонијата, со велосипедска патека и зеленило долж целиот потег, нови пјацети на улиците „Чедомир Мендеровиќ“, „Наум Наумовски Борче“ и „Орце Николов“. Во прогарамата за наредниот мандат се планира реконструција на над 20 улици и поставување на водоводни и канализациони мрежи каде што е потребно.