Автомобил удри во 10-годишно девојче на патот Охрид–Кичево

Макфакс

31/10/2025

12:56

196

Големина на фонт

а а а

На 30 октомври 2025 година, во 07:15 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, автомобил „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.С. (60) од селото Другово, удрило во 10-годишна малолетничка од Кичево.

Во несреќата девојчето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

На местото на настанот извршен бил увид од екипа на ОВР Кичево.