Американскиот претседател Доналд Трамп го постави годишниот лимит за прием на бегалци на 7.500 лица за фискалната 2026 година, што претставува најниско ниво досега.
Одлуката е дел од поширока промена на политиката кон бегалците, при што Трамп најави дека приоритет ќе имаат Јужноафриканци од белата етничка заедница Африканери, тврдејќи дека се соочуваат со расен прогон — тврдење што властите во Јужна Африка го негираа.
Трамп претходно го паузираше приемот на бегалци, наведувајќи дека ќе продолжи само ако тоа е „во најдобар интерес на САД“. До септември годинава, во земјата пристигнале само 138 Јужноафриканци.
Во документот објавен денес, Белата куќа најави дека ќе се разгледува прием и на други жртви на „незаконска или неправедна дискриминација“, а интерен владин извештај сугерира дека приоритет би можел да се даде и на Европејци кои биле мета поради ставови против масовна миграција или поддршка на популистички партии.
Покрај тоа, администрацијата најави дека надзорот над програмите за бегалци ќе се префрли од Стејт департментот на Министерството за здравство и социјални услуги
 
                                






