[ВИДЕО] Загрижувачка слика во тетовско Копанце: Илјадници шишиња пловат по Вардар по обилните дождови

Точка

27/10/2025

21:26

776

Големина на фонт

а а а

Граѓани од селото Копанце и од Скопје реагираат на видеоснимки објавени на социјалните мрежи, кои покажуваат дека реката Вардар е преполна со отпад —илјадници пластични шишиња пловат по течението, по наглото покачување на водостојот по обилните врнежи во изминатите денови.

На видеото објавено на Фејсбук страницата на тетовското село Копанце јасно се гледа како шишиња и друг отпад се движат по течението на реката. Причината за овој алармантен еколошки феномен е токму подигнатото ниво на водата, која го повлекла ѓубрето од дивите депонии покрај брегот на Вардар.

Оваа загрижувачка појава носи сериозни еколошки и хигиенски ризици за локалното население и за екосистемот на реката. Граѓаните со апели веќе повикуваат на брза и координирана акција за чистење и за превенција на понатамошна деградација на речниот тек.