Од микрофон до блокчејн – Започна продажбата на крипто-токенот на Аца Лукас

Точка

23/10/2025

11:21

1.399

Големина на фонт

а а а

Познатиот српски пејач и музичка ѕвезда Аца Лукас (Александар Вуксановиќ) ја најави својата нова авантура во светот на криптовалутите — токенот наречен LUKAS Token (симбол $LUKAS). Овој чекор ја означува уште една одредница во неговата долга кариера, која започна со турбо-фолк, клупска сцена и големи концерти, а сега се пресели и во дигиталната економија. И запонмете! Ова не е финансиски совет од "Точка"!

Што знаеме за проектот

Според официјалната веб-страница, токенот LUKAS е „официјален дигитален имот на Аца Лукас, една од најиконските музички легенди на Балканот, создаден за фан-заедницата, колекционери и ентузијасти на крипто“. На официјалниот X (поранешен Twitter) профил се наведува: „$LUKAS – Token founded by Aca Lukas. Backed by vision, built with community.“

Во дополнителен канал на "Telegram" се вели дека токенот е „симбол на чиста енергија, емоција и забава, преминувајќи од сцената во Web3 светот“.

„Токенот може да се купи преку сајтот Lukastoken.com, ако сум запаметил добро, а сум запаметил. И побрзајте, пред-продажбата е многу ограничена. Побрзо!“, вели пејачот во едно видео во кое го промовира својот токен.


Контекст и можни ризици

Преминувањето на музичари во сферата на криптовалути не е без предизвици. Според информациите објавени на крипто-платформите, токенот LUKAS е наведено како „непотврден“ (unverified) што сугерира потреба за зголемена внимателност од страна на потенцијалните инвеститори. Дополнително, некои анализи ја истакнуваат и високата „такса при тргување“ (high tax on trades) за оваа монета.

Тоа значи дека, иако проектот има маркетиншка привлечност — како што е поврзан со популарна личност и има големо внимание на социјалните медиуми — се препорачува потенцијалните купувачи внимателно да ја истражат правната, техничката и економската страна на проектот.

Исто така, веќе се појавиле коментари на "Reddit" кои сугерираат дека токенот можеби е повеќе маркетинг иницијатива отколку сериозен финансиски проект.

Лансирањето на токенот LUKAS од страна на Аца Лукас е атрактивна мешавина на музичка слава и нови дигитални трендови. Има потенцијал да отвори интересни можности за фанови и да го прошири брендот на пејачот, но истовремено ја нагласува важноста од внимателна проценка и разбирање на ризиците што ги носи влезот во крипто-светот.

И да нагласиме уште еднаш: Ова не е финански совет!