Мицкоски повика на масовна излезност: Гласајте за партии што можат да менуваат, а не за мали групи што профитираат од вашите гласови

Макфакс

17/10/2025

20:05

130

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повика граѓаните на масовна излезност в недела и истакна дека на овие избори се избира меѓу две опции – една која, како што рече, ја враќа Македонија назад, и другата – понудата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која нуди вистински избор и напредок.

„ Јас ги повикувам граѓаните да излезат и масовно да гласаат бидејќи ако не излезат и ако не гласаат тогаш некој друг ќе профитира од сето тоа, граѓаните ќе се движат на бранот којшто некој ќе го креира. Затоа првично ги повикувам сите граѓани масовно да излезат и да гласаат по сопствено убедување. Да не биде дека јас сум претенциозен и дека го гледам својот партиски интерес, само излезете и гласајте по вашето сопствено убедување. “ рече Мицкоски во гостување на „Сител“.

Тој дополнително порача и дека граѓаните треба да гласаат за политички партии кои можат да менуваат, а не за помали партии кои се мала група што профитира од гласовите на граѓаните. Според него, ако граѓаните го послушаат разумот и срцето, во огромно мнозинство ќе го заокружат бројот 9 и ќе ја поддржат коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.