Ја напуштил по 27 години, па јавно се појавил со помлада жена: Неочекуван пресврт во односот на Хју Џекмен со поранешната сопруга

Точка

15/10/2025

08:50

1.745

Големина на фонт

а а а

Откако актерот се разведе од сопругата, ја започнал врската со помладата колешка, а неговата поранешна сопруга не криела колку е повредена и како што истакнала, „доживеала трауми поради предавството“.

Австралискиот актер Хју Џекмен помина речиси три децении со колешката Дебора Ли Фурнес, а во 2023 година неговите фанови биле шокирани поради веста дека парот раскинува.

Следеа две години лоши односи поради поделба на имотот и судејќи по сѐ, наводно тие сега се подготвени да склучат мир.


„Хју се обидува да склопи мир со Деб веќе подолго време, но како што може да замислите, било потребно време да се почувствува подготвен за тоа“, вели блиска личност до актерката.

Наводно поранешните сопружници кои во мај официјално се разведоа, веќе се виделе.

„Завршувањето на сите приватни прашања очигледно дека помогна затоа што таа конечно се соочи со вистината, а неколку пати се виделе во Њујорк и разговарале“, открил изворот.

„Судејќи по сѐ, работите значајно се поправиле, што е фантастично за сите, особено за нивните деца“.

Некогашниот пар заедно го посвоил синот Оскар и ќерката Ава, а сега се трудат да изградат пријателски однос.


„Поминаа две години откако официјално раскинаа. Време е омразата и лутината да исчезнат“, истакнува изворот.

Откако Хју и Дебора се разведоа, актерот почнал јавно да се појавува со Сатон Фостер со која започнал да соработува неколку години на Бродвеј.

И самата Дебора во изјава за медиумите спомнала какво влијание крајот на љубовта со Џекмен имало врз неа:

„Имам многу емпатија за сите кои поминале низ трауматично патување како предавство“, истакнала таа.

„Тоа е длабока рана, но верувам во виша сила и дека Бог или универзумот, што и да се, секогаш работи за вас“.