Новоизбраната градоначалничка на германскиот град Хердек, социјалдемократката Ирис Шталцер, е тешко повредена во напад со нож, објавија германските медиуми.
Според полицијата, Шталцер претрпела повеќекратни убодни рани, а во градот во Северна Рајна-Вестфалија е во тек голема полициска операција, пишува германскиот „Шпигел“.
Деталите за нападот и идентитетот на сторителот засега се непознати.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази длабока загриженост, велејќи на платформата Икс дека се надева на целосно закрепнување на политичарката.
Педесет и седумгодишната Шталцер беше избрана за градоначалничка пред нешто помалку од две недели, освојувајќи 52,2 проценти од гласовите во вториот круг од изборите.