Коњановски: Битола добива современа противпожарна станица, проект за безбедна иднина

Макфакс

07/10/2025

16:01

155

Големина на фонт

а а а

Територијалната противпожарна единица во Битола е најстара на Балканот и датира од 1836 година. Овој факт сам по себе дава доволно голема тежина, изградбата на новата зграда да се нарече капитален проект, кој ќе им овозможи современи услови за нашите пожарникари, вели Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Досега, вели тој, завршена е првата фаза – карабина со средства од буџетот на општина Битола во вредност од околу 53 милиони денари, на парцела од 3300м2, со корисна површина од 1600 м2.

„Во втората фаза, преку грантот на Министерството за одбрана на САД, во вредност од милион американски долари, ќе се доуреди објектот и ќе биде целосно адаптиран и енергетски ефикасен со намена за својата дејност. Преку грантот ќе се уредат противпожарните системи, улиците, приодите, односно се она што ќе ја направи зградата да биде функционална.

Нашите пожарникари, кои речиси секојдневно се на терен за заштита на општината од пожари, заслужуваат повеќе од она што досега го имале како услови за работа.

Затоа на 19 Октомври ве повикувам да заокружите број 9“.