Швајцарската уметница Мило Моар (вистинско име Су Прузина), која е позната по провокативните перформанси на границата меѓу уметноста и општествените норми, предизвика голем интерес кај хрватската јавност во 2017 година кога целосно гола прошета низ центарот на Риека.
Поводот беше отворањето на новата зграда на Музејот на модерна и современа уметност (ММСУ) во Риека, а Моар тогаш изведе перформанс наречен „Ceci n’est pas une femme nue“ („Ова не е гола жена“). Таа ја поведе публиката во поворка од старата до новата музејска локација – во комплексот Рикард Бенчиќ – одејќи целосно гола, со испишана порака на телото.
На нејзините гради и грб стоел натписот „Ceci n’est pas une femme nue“, додека на интимните делови бил испишан бинарен код со зборот „Digitized“. Перформансот беше дополнително засилен со VR технологија: уметницата носела специјални очила, а публиката можела во живо да го следи преносот од нејзината перспектива.
Која е Мило Моар?
Моар е родена во 1983 година во Швајцарија, со словенечко и шпанско потекло. По образование е психолог, магистрирала на Универзитетот во Берн, но светското внимание го привлече преку уметнички проекти во кои нејзиното тело е главниот медиум.
Нејзините најпознати перформанси вклучуваат: „The Script System“ – гола прошетка низ град со имиња на облека испишани по телото, „Mirror Box“ – интерактивен перформанс во кој минувачите се поканети да го допираат нејзиното тело преку огледални кутии и многу други.