Изгаснат е тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите во „Дрисла“ и Трубарево, активен е пожарот на Кожуф

Макфакс

16/09/2025

09:15

869

Големина на фонт

а а а

Рано утрово пред четири часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во местото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети, информира утрово директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Тој додаде дека БППЗ Скопје веднаш излегле на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот бил изгаснат пред 6.00 часот.

Според последните информации од ЦУК до 07:00 часот утрово на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, под контрола се 2 пожари, а изгаснати се 10 пожари.

На ден 15/16.09.2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 13 пожари на отворен простор,...

Posted by Центар за управување со кризи on Monday, September 15, 2025

Активни: 1

1. Општина Гевгелија: Кожуф планина кај с. Петрово (приземен пожар, лисна маса);

ПОД КОНТРОЛА: 2

1. Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре);

2. Општина Гази Баба: с. Трубарево (електричен отпад);

Изгаснати: 10

1. Општина Пробиштип: нас. Калниште – с. Добрево (висока дабова шума и нискостеблеста вегетација);

2. Општина Кочани: м.в. Царев Врв, Осоговски Планини (ниска вегетација и стрништа);

3. Општина Шуто Оризари: ул. Нов Живот (ѓубре);

4. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков (ѓубриште);

5. Општина Студеничани: с. Горна Количани (ниска вегетација);

6. Општина Врапчиште: с. Неготино (ниска вегетација);

7. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);

8. Општина Демир Хисар: Грејшки Пат (ниска вегетација);

9. Општина Куманово: градски гробишта (ниска вегетација);

10. Општина Липково: с. Оризаре (стрниште).