Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Макфакс

15/09/2025

19:05

122

Големина на фонт

а а а

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и другите надлежни институции од државата по пожарот во Трубарево.

ИЈЗ додаваат од таму, во текот на вчерашниот ден испратиле обучен експертски тим од институтот за вонредна контрола во засегнатото подрачје.

„Земени се примероци (мостри) од вода, почва и воздух за испитување на радиоактивност, како и примероци од вода, водовод, бунари, почва за физичко хемиска анализа.

Во текот на денешниот ден, во ИЈЗ добиени се резултати од воздух и почва, од примероците за

испитување на јонизирачко зрачење (радијација) и истите се во нормални референти вредности,

без отстапување.

Резултатите од мострите од вода за испитување на јонизирачко зрачење, согласно методата по

која се испитува ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.

Во примероците (мостри) од вода по однос на физичко хемиската анализа, нема одстапувања во

вредностите по однос на тешки метали. Во земените примероци од вода постои единствено

индикатор за зголемена содржина на органски материи во подземната вода кои се од друго

потекло“.

По однос на примероците земени од почва за присуство на тешки метали, според соопштеното, резултатите согласно методата на испитување ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.