Анчелоти би водел само еден клуб до крајот на кариерата

Дерби

15/09/2025

11:23

285

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти одлучи клупскиот да го замени со репрезентативниот фудбал, односно за првпат во својата кариера се реши да води репрезентација и тоа Бразил.

Тој ја прифати понудата на „кариоките“ и ќе извршува оваа функција до крајот на Светското првенство кое е на програмата 2026 година, турнир на која има само една цел-освојување на титулата.

Анчелоти уште од сега порачува дека би бил отворен за продолжување на соработката и во иднина, а кога пак се работи за клупскиот фудбал би се вратил да води само еден тим-Реал Мадрид.

- Реал Мадрид е единствениот тим што би го прифатил да го водам по Бразил. Минатата сезона беше комплицирана. Не го постигнавме успехот што го сакавме. Премногу повреди во одбраната имавме, беше тешко да составиме солиден тим и да го поддржиме напаѓачкиот квалитет што го имавме.

- Милитао, Ридигер, Давид Алаба, Ферланд Менди, Дани Карвахал… тоа се многу важни повредени играчи. Имаше натпревари каде што имавме само двајца вистински дефанзивци, а еден од нив беше Раул Асенсио, кој штотуку пристигна од академијата, иако беше добар, - вели Анчелоти.