[ВИДЕО] Демонстранти упаднаа во парламентот во Непал, премиерот поднесе оставка, расте бројот на жртви

Точка

09/09/2025

18:06

232

Големина на фонт

а а а

Стотици демонстранти упаднаа во зградата на непалскиот парламент во Катманду, а чад сè издигна од едното крило на зградата.

Мотоцикли кружеа попладнево околу парламентарниот комплекс, а некои од нив носеа искорнати растенија од градината/

Демонстрантите танцуваа и скандираа слогани околу огнот на влезот во зградата, многумина од нив држејќи непалски знамиња.

Дел од демонстрантите влегоа во самата зграда, каде што сите прозорци беа скршени. На надворешните ѕидови покриени со графити беа напишани антивладини пораки.

Една од пораките гласи: „Влеговте во погрешна борба“, објавува Би-Би-Си.

Кризата кулминираше со оставката на непалскиот премиер Шарма Оли, кој поднесе оставка како одговор на протестите што се проширија низ целата земја.

Во своето обраќање, тој изјави дека го сторил ова за да „го отвори патот за уставно решение на кризата“. Во бранот насилство, беа нападнати и вандализирани резиденциите на неколку истакнати политичари, вклучувајќи ја и онаа на самиот Оли и поранешниот премиер Шер Бахадур Деуба, а цел беа и седиштата на политичките партии.

За време на денешните протести во Непал, беше убиено уште едно лице, со што вкупниот број на жртви се искачи на 22. Меѓу нив, 19 лица беа убиени синоќа.

Директорот на Државната болница изјави за Би-Би-Си дека 209 лица биле примени. Раководителот на Националниот центар за траума, д-р Бадри Риџал, рече дека речиси 40 повредени лица биле донесени во таа болница.