[ВИДЕО] Телескопот „Џејмс Веб“ сними спектакуларно „ѕвездено породилиште“

Точка

07/09/2025

14:09

537

Големина на фонт

а а а

НАСА објави нова фотографија направена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, на која можат да се забележат илјадници млади ѕвезди во маглината Јастог, оддалечена околу 5.500 светлосни години од Земјата.

На снимката јасно може да се забележи облакот од гас и прашина од кој се формираат ѕвездите, а Веб можел да „ѕирне“ низ густите слоеви на вселенска прашина благодарение на набљудувањето во инфрацрвениот спектар.

Внатре во самата маглина се наоѓа јатото Писмис 24 – група многу млади и масивни ѕвезди кои ги обликуваат околните структури со своето зрачење.

Фотографијата е резултат на повеќе од пет часа експозиција, а исто така открива импресивни колони од гас високи неколку светлосни години, формирани под влијание на моќни ѕвездени ветрови.

Некои од тие ѕвезди повеќекратно ја надминуваат масата на нашето Сонце.