„Кревка, но смртоносна“: Зошто Америка сестрата на Ким Џонг Ун ја нарекува „најопасна жена на светот“?

Точка

06/09/2025

18:09

1.519

Големина на фонт

а а а

Кревка жена со леден поглед, која стои во сенка на својот брат, но ја фрла најдолгата сенка во севернокорејската политика.

Се вика Ким Јо Џонг, помладата сестра на Ким Џонг Ун и во последниве години станала една од најпопуларните личности во меѓународната политика.

Без формална позиција на шеф на државата, таа сепак има огромно влијание на надворешната и внатрешна политика во Северна Кореја.

Зошто западните медиуми ја нарекуваат „најопасна жена на светот?“ и колку тоа е вистинската слика за неа?


Строг поглед на кревка жена

Без оглед на тоа што нема официјална титула на шеф на државата, Ким Јо Џонг е и повеќе од обичен член на семејството.

Таа е една од најблиските советнички на својот брат, извршува функција заменик шеф на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја и игра главна улога во обликување на надворешната политика на земјата.

Нејзиното присуство на сите важни меѓународни состаноци, вклучувајќи ги и преговорите со САД, Јужна Кореја и Кина, говори за нејзиниот исклучителен статус.

Ким Јо Џонг е првата жена во историјата на династијата Ким која стекнала толку високо влијание во севернокорејскиот политички систем.

Нејзиниот настап во јавноста секогаш е проследен со зголемено внимание: Како се облекува, каков став има, каде гледа... Секој нејзин гест се толкува како сигнал.


„Злобна жена“ или стратешки играч? Сликата на Ким Јо Џонг во западните медиуми

Во земјите на колективниот Запад, Ким Јо Џонг долго била предмет на митологизација. Нарекувана била „сив кардинал“ на Северна Кореја, како и „најопасна жена на светот“. Историчарите тврдат дека сликата која се форсира е манипулација и дека Ким е далеку од тоа.

Навистина, многу изјави на Ким звучат како строги предупредувања. На пример во март 2025 година, таа упатила остра критика кон САД како одговор на доаѓањето на нуклеарниот носач на авиони Карл Винсон во Бусан.

Нејзините зборови кои ги пренела Корејската централна новинска агенција звучеле како јасен стратешки сигнал:

„Непријателите не би требало да ја тестираат нашата волја и способност да го браниме нашиот суверенитет... Доколку САД продолжат да го рушат рекордот во прикажување на воени сили, тогаш и ние ќе мора да го срушиме рекордот во користење стратешко враќање“.

Ова не е само реторика – тоа е дел од информациската војна во која Северна Кореја покажува подготвеност за отпор. А, Ким Јо Џонг е совршен носител на таа порака.


Нејзиниот пол, младост и надворешна кревкост во контрастот со острината на нејзините изјави е она што нејзиниот имиџ го прави посебно незаборавен и според зборовите на аналитичарите, особено ефикасен во психолошка конфронтација.

Аналитичарите забележуваат дека таа ретко говори за мировни иницијативи, но не одбива дијалог, под одредени услови. Нејзиниот став е јасен: Дијалог е можен само на рамноправна основа, без прелиминарни барања и притисоци. Тоа нејзината фигура ја прави цврста и рационална.

Важно е да се разбере дека Ким Јо Џонг не е само гласот на разумот. Таа е вклучена во носење одлуки, посебно за прашањата кои се однесуваат на надворешната политика и национална безбедност.


Приватен живот

Приватниот живот на Ким Џонг Ун е строго чувана тајна. Поради тоа не е чудно што многу малку се знае и за неговата сестра. Имено, таа е венчана во 2014 година за синот на еден од најблиските соработници на режимот и како што се верува парот има две деца.

Меѓутоа, потврда за тоа никогаш не стигнала.