Идниот крал и кралица подготвени за нов почеток: Вилијам и Кејт донеле одлука за која долго размислувале

Точка

16/08/2025

17:29

719

Големина на фонт

а а а

Од Кенсингтонската палата пристигнаа нови вести: принцот и принцезата од Велс одлучиле да ја променат својата адреса.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе се преселат во нов дом во Виндзор со своите три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис. Тие ќе се преселат во осумсобната куќа „Форест Лоџ“ во Виндзор Грејт Парк.


„Семејството ќе се пресели подоцна оваа година“ изјави портпаролот на Кенсингтонската палата во соопштението.

Според пишувањата на „Сан“, кралскиот пар самостојно ќе го плати имотот и сите потребни реновирања, избегнувајќи дополнителни трошоци за даночните обврзници.


Потсетуваме семејството моментално живее во Аделејд Котиџ, куќа со четири спални соби, но оваа година планираат да се преселат во попространата Форест Лоџ, резиденција со осум спални соби во срцето на Виндзор Грејт Парк.

Форест Лоџ, порано познат како „Holly Grove“ спаѓа во заштитени објекти од втора категорија. Во 2001 година таму беа извршени обемни работи во вредност од 1,5 милиони фунти за да се зачуваат историските детали, од оригинални камени делови и венецијански прозорци до мермерни камини и украсни тавански корнизи.


Зградата е окружена со прекрасен англиски пејзаж и едно време беше на пазарот за 15.000 фунти месечно.


Одлуката за преселба е резултат на долгогодишно размислување на принцот и принцезата на децата да им овозможат помирно растење, но и да ги подготват за идните кралски должности.


Според „Сан“, „Форест Лоџ“ би вредела околу 16 милиони фунти на отворениот пазар, а имотот е во сопственост на кралот.