Полициска интервенција во Струга: Над 500 лица и 120 луксузни возила на собир по полноќ, запленети се автомобили

Макфакс

05/08/2025

11:28

3.407

Големина на фонт

а а а

Доцна синоќа, нешто по полноќ, струшката полиција интервенирала на паркинг во градот по пријава за гласна бучава и вознемирување на јавниот ред и мир. Според информациите од МВР, на местото биле затекнати повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила, кои – наводно – биле дел од неформална изложба на автомобили.

Настанот се одвивал во периодот од 00:30 до 02:00 часот, а полицијата реагирала веднаш по пријавата. Лицата не постапиле по наредбите на полициските службеници, по што биле повикани дополнителни екипи за да се стави ситуацијата под контрола.


Во акцијата биле одземени пет возила, согласно член 344 од Законот за безбедност на патниот сообраќај, а биле регистрирани и осум други сообраќајни прекршоци.


Од МВР велат дека по целосно расчистување и документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против сите инволвирани.