[ФОТО] Одговор на градскиот хаос: Данското село, светско архитектонско чудо

Точка

01/08/2025

16:14

1.547

Големина на фонт

а а а

Фотографиите од оваа уникатна населба со градинарски кругови го привлекоа вниманието на луѓето ширум светот.

Впечатливите воздушни фотографии го прикажуваат Брондби Хавеби кој се наоѓа недалеку од Копенхаген, Данска. Ова се кружни градинарски заедници во кои многумина градски жители со задоволство би избегале за да уживаат во свежиот воздух, под отворено небо негувајќи ги своите мали градини.


Овие навистина фасцинантни снимки кружат на социјалните мрежи и буквално ги фасцинираа корисниците. Невообичаено кружно организираната заедница била изградена во 1964 година според идејата на генијалниот пејзажен архитект Ерик Мигинд.

„Брондби Хавеби ги имитира традиционалните модели на данските села од 18 век, каде што централниот простор бил место за собирање, дружење и секојдневна размена меѓу соседите“, објасни Анри До, фотографот кој го сврте вниманието на светот кон оваа единствена населба.

Данската утописка градинарска населба е целосно изградено во форма на кругови. Оваа необична форма совршено се вклопува со долгогодишната данска култура, која подразбира дека секој Данец кој може да си го дозволи тоа купува помала втора куќа на село каде што може да се повлече од урбаниот живот.

Иако куќите во Брондби Хавеби се во приватна сопственост, градините всушност се изнајмуваат, а локалните урбанистички закони забрануваат престој во овие објекти подолго од шест месеци годишно.


Гледано од воздух, „Brøndby Garden City“ наликува на една од оние утописки метрополи од научнофантастичните филмови или визионерските цртежи на урбанистите од крајот на 19 век.

Куќите зафаќаат површина од речиси 50 квадратни метри и можат да се користат од април до октомври, т.е. за време на викендите.


Архитектот Ерик Мигинд преку кружната форма сакал да поттикне интеракција меѓу градините, симулирајќи го распоредот на типично данско село каде што луѓето се среќаваат на заеднички бунар во центарот.

Иако градините можат да се изнајмат за околу 130 евра месечно, куќите во „Brøndby Garden City“ можат да ги купат само оние кои живеат во радиус од 20 километри, пишува „Bright Vibes“.


Денес, градините Брондби се состојат од 24 кругови, а секој од нив се состои од десетина куќи и нешто помалку од 300 градинарски парцели.

Куќите имаат големи дворови и се совршена оаза далеку од бучниот и пренатрупан град, а воедно нудат и можност за градинарство.


Веб-страницата „Open Culture“, ги пренесуваа зборовите на Лени Мадсен, чие семејство има куќа таму: „Замислете една мала заедница, каде што сите се познаваат, пијат кафе заедно, можат да се видат преку живата ограда“.

Изгледа сосема поинаку од класичните западни предградија, особено во Америка, каде што соседите често се отуѓени.

На крајот, не е тешко да се разбере зошто овој начин на живот е привлечен за просечните жители на градот, особено за оние кои сакаат да го поминат својот годишен одмор во поинаква средина, без да мора да патуваат далеку.

Брондби Хавеби за Данците тоа е само уште едно поглавје во нивната цивилизациска потрага по она што се нарекува хиге (hygee) – синоним за удобност и љубов кон едноставното задоволство во малите нешта. И тоа, меѓу другото, ја прави Данска посебна.