Шукова од Кисела Вода: Приоритет ќе ми биде целосно завршување на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево

Макфакс

31/07/2025

11:57

211

Големина на фонт

а а а

Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, заедно со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Кисела Вода, Горан Трајковски синоќа одржа средба со граѓаните на Кисела Вода, каде разговараше за решенијата за клучните проблеми со кои се соочуваат.

- Приоритет број еден за Кисела Вида е конечно завршување на проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ целосно, до Драчево. Фазата на проектот кој започна во време на СДСМ, но со години тапка во место поради негрижата на локалната и централната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Над 50 илјади граѓани се директно засегнати и со право прашуваат зошто булеварот не е завршен со години. Овој капитален проект е симбол на негрижата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 4 години, но и моја јасна обврска, како градоначалничка, ќе го завршам булеварот и ќе обезбедам безбедно и брзо поврзување на Драчево, истакна Шукова.

Хигиената, како што рече, е основна урбана култура и грижа за здравјето на граѓаните.

„Ние ќе воведеме ред, ќе ги засилиме инспекциските контроли и ќе обезбедиме одговорно одржување на јавниот простор“, порача Шукова.

„СДСМ, Шукова и Трајковски остануваат на страната на граѓаните – со реални проекти, одговорност и визија за чисто, функционално и хумано Скопје“, нагласуваат од оваа партија.