"Gemini" одби да игра шах против "Atari 2600"

Точка

15/07/2025

17:29

890

Големина на фонт

а а а

Четботот на "Google", "Gemini" одби да одигра партија шах против "Atari 2600" откако дозна дека древната конзола веќе ги поразила "ChatGPT" и "Microsoft Copilot".

Роберт Карузо, архитектот кој стои зад инфраструктурата со која "Atari Chess" им се спротивстави на големите "AI"-системи, изјави дека "Gemini" го заинтригирал поради тоа што се базира на мултимоделен голем јазичен модел, кој теоретски треба да размислува подобро. Затоа, решил да поразговара со "Gemini" пред предизвикот.

Во почетокот, "Gemini" самоуверено изјавил дека „речиси сигурно ќе доминира“ над "Atari Chess", нарекувајќи се „модерен шаховски мотор… кој може однапред да размислува за милиони потези и да процени бесконечни позиции.“


Но, откако добил линкови до претходните дуели на "Atari 2600" со други "AI" системи, "Gemini" поставил прашање дали нешто посебно го изненадило Карузо. Тој одговорил дека и двете вештачки интелигенции претходно најавувале лесни победи – и двете изгубиле.

По ова, "Gemini" признал дека „халуцинирал“ за својата шаховска вештина и проценил дека борбата против "Atari 2600" ќе биде исклучително тешка. Затоа, заклучил дека откажувањето на мечот е „најефикасна и најразумна одлука“.


Симулираниот "Atari 2600" кој го користи Карузо ја реплицира оригиналната архитектура со процесор од 1,19 MHz и само 128 бајти RAM. Карузо бил импресиониран од способноста на "Gemini" да ги препознае своите ограничувања.