[ВИДЕО] Хеликоптерите на МВР со над 70 тони вода го гаснеа пожарот кај Блаце

Макфакс

07/07/2025

15:06

892

Големина на фонт

а а а

Во рамките на денешните активности полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи активно учествуваа во гаснењето на шумскиот пожар во реонот на Блаце.

Со два хеликоптера – „бел 412“ и „агуста бел 212“, во текот на денот беа извршени 55 налети, при што беа исфрлени повеќе од 70 тони вода врз зафатеното подрачје.

Интервенцијата е дел од координираните напори на надлежните институции за справување со пожарот и спречување негово ширење.