Нојер го нападна Донарума, па откри каква лекција му одржал на полувреме

Дерби

06/07/2025

09:08

833

Големина на фонт

а а а

Џамал Мусиала заработи тешка повреда на четвртфиналниот натпревар против ПСЖ и повеќе од веројатно е дека го чека пауза со месеци, сето тоа како последица на невнимателниот старт кој го имаше Џанлуиџи Донарума.

Иако немаше никаква намера, италијанскиот чувар на мрежата ја „блокираше“ ногата на Мусиала и му ја искрши во пределот на зглобот, па иако самиот беше шокиран и фрапиран од ситуацијата, не успеа да ги избегне критиките од германската јавност, но и од самиот Мануел Нојер.

Искусниот голман на Баерн испрати голманска критика до својот колега, но истовремено откри каква лекција му одржал пред да заминат на пауза меѓу двете полувремиња.

– Ова е брутално тежок момент за Мусиала. Како голман, во вакви ситуации преземате ризик за да повредите противнички фудбалер. Немаше потреба да прави таков потег. Со таква реакција ризикувате да повредите ривал, иако најчесто не се случува такво нешто, – изјави Нојер и додаде.

– На полувремето му се приближив и го прашав: Нема ли да го посетиш нашиот фудбалер во соблекувалната? Џамал претрпе тешка повреда и му реков дека праведно и фер ќе биде ако дојде да покаже почит во соблекувалната. Ме послуша и го направи тоа, – откри Нојер.