Муцунски на средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер

Макфакс

03/07/2025

18:42

160

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.

Од МНР соопштија дека на средбата се разговарало за унапредување на политичката и економската соработка – како потврда на силното стратешко партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји.

Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на економската соработка и поддршката на иницијативи насочени кон јакнење на трговијата и инвестициите.

Во разговорот биле разменети мислења и за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици. Била потврдена заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан, силното партнерство во рамките на НАТО Алијансата, како и заложбите за унапредување на демократските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Министерот Муцунски ја потенцирал решеноста на Владата за спроведување на клучните реформи и активниот придонес на државата во зачувување на мирот и безбедноста во регионот и пошироко.