Угледните шпански медиуми први ја пренсоа траорната вест за трагичната смрт на Диого Жота и неговиот брат Андре, а на Ливерпул му беше потребно повеќе од еден час да се прибере и да испрати прво соопштение за загубата која не може да се опише со зборови.
Англискиот шампион остана без текст и ја потврди ужасната вест со мало задоцнување, па со официјалното соопштение од цела спортска јавност побара да се почитува приватноста на семејството кое минува низ неверојатно тешки моменти.
– Фудбалскиот клуб Ливерпул е уништен и скршен од трагичната смрт на Диого Жота. Клубот е информиран дека 28-годишникот починал по сообраќајна несреќа во Шпанија, заедно со неговиот брат, Андре.
– Фудбалскиот клуб Ливерпул нема да дава дополнителни коментари во овој момент и бара да се почитува приватноста на семејството, пријателите, соиграчите и персоналот на Диого и Андре, додека сите се обидуваме да да се помириме со незамисливата загуба. Ќе продолжиме да ја даваме нашата целосна поддршка на семејството, – гласи соопштението на Ливерпул.
Диого Жота и неговиот брат имаа по 28, односно 26 години, а трагедијата е уште посрцепарателна поради фактот што фудбалерот на Ливерпул направи свадба со својата долгогодишна избраничка пред само 11 дена.
Liverpool Football Club are devastated by the tragic passing of Diogo Jota.
— Liverpool FC (@LFC) July 3, 2025