Легендарниот Мијатовиќ гледа една слаба точка во тимот на Чаби: Реал ќе мора да пронајде решение на трансфер пазарот

Дерби

03/07/2025

11:24

281

Големина на фонт

а а а

Предраг Мијатовиќ е жива легенда на Реал Мадрид и практично тој беше првиот човек кој го предвиде падот на Карло Анчелоти уште на стартот на минатата натпреварувачка сезона, па откако неговите прогнози се остварија, славниот напаѓач остана задоволен од изборот кој го направи Флорентино Перез.

Пеџа смета дека Чаби Алонсо е вистински избор за клупата на Реал, не само поради фудбалскиот стил кој го негува, туку и поради фактот што во иднина ќе им даде повеќе шанса на фудбалери од младинската школа, нешто што во Реал се занемари низ годините.

– После толку години во кои од младинската школа шанса не доби ниту еден играч во првиот тим, мислам дека дојде времето да се промени тоа со Чаби Алонсо. Сите го гледаме тоа со Гонсало Гарсија. Тој изгледа навистина добро, на секој тим му треба таква „9-ка“, цел свет посакува таков играч. Тој е тип како Мориентес, човек на кој можете да се потпрете кога ќе му додаете топка за гол. од 10 шанси, ќе претвори во гол 8, – вели Мијатовиќ, кој сепак гледа и една слаба точка во актуелниот тим на Алонсо.

– Рано е да се извлекуваат заклучоци и мора да се нагласи дека е храбар пристапот со тројца стопери. Допрва ќе го разработи системот, но во овој момент, според мене недостасува креакција и квалитет во средниот ред. Ни недостасува малку фудбал во средниот ред.

– Најверојатно се навикнавме на играчи како Модриќ и Крос изминатите 10 години, а јасно е дека во моментов нема такви фудбалери на трансфер пазарот. Не постојат такви играчи, но Реал ќе мора да пронајде некој со приближни или слични карактеристики, – вели Мијатовиќ.