[ФОТО] Безос како да тргнал на погреб, Лорен со градите во преден план и фустан кој открива сè: Најпровокативното издание за самиот крај, младенците не одолеаа на страстите

Точка

29/06/2025

17:25

4.276

Големина на фонт

а а а

Џеф Безос и Лорен Санчез синоќа го организираа последното славје од тридневната прослава во Венеција. Во петокот ги разменија брачните завети, по приемот за добредојде што се одржа ден претходно, па им преостана уште една забава со која се заокружија екстравагантните свечености што создадоа револт на многу активисти и жители на овој италијански град.

Лорен Санчез, по ексцентричниот корсет фустан, Диор комплетот и елегантната тоалета од Долче & Габана (без откривање на облини, но со нагласување на линијата и атрибутите), сега избра попредизвикувачка тоалета со корсет што ја истакнува градите и тил кој го краси долниот дел од фустанот.


Модното издание е најпровокативно досега во споредба со сè што носеше во Венеција. Тоа беше како затишје пред бура – краток предах од нејзиниот вообичаено провокативен стил. Поранешната ТВ водителка повторно се врати на својот препознатлив моден манир, што и не изненади – токму тоа и се очекуваше.

Како (повторно) мажена жена, Лорен Санчез продолжува во својот препознатлив стил, поради кој некои ја нарекуваат и „кралица на кичот“. Се врати и на својата омилена фризура, но мора да се признае дека фустанот – и покрај предизвикувачките детали – изгледа ефектно и ѝ прилега многу подобро од венчаницата.


Џеф Безос, пак, уште еднаш потврди дека не е љубител ниту на вратоврски ниту на пеперутка-вратоврски. Со својот вечерен стајлинг – целосно во црно – ги збуни многумина, бидејќи оваа боја често се поврзува со тажни настани како погреби, иако генерално важи за симбол на елеганција. Сепак, многумина сметаат дека не е соодветна за свадба, па дури и дека носи малер.

Од друга страна, има и такви што веруваат дека црната боја ги одбива несреќите – а дали црниот аутфит ќе биде најава за среќен брак или, пак, за брак со лоша среќа, останува да се види...


Да потсетиме, Џеф Безос и Лорен Санчез се во врска од 2018 година. Се верија во мај 2023. Основачот на Амазон зад себе има еден брак со Мекензи Скот и четири деца. Невестата е мајка на три деца, кои беа присутни на нејзината свадба во Венеција. Син добила со поранешниот сопруг Патрик Вајцел, а ќерка и син со поранешниот партнер Тони Гонзалес.



Младенците, кои инаку веќе еден месец се официјално во брак, се бакнуваа страсно на патот до третата гала-забава.