Направете го овој тест на личноста и дознајте што ви кажува вашата интуиција
Изберете еден од понудените четири часовници од сликата и дознајте со кои одлуки не треба да избрзувате.
Првиот часовник – финансии и кариера
Одвојте време за да донесете важни финансиски одлуки. Ако сте размислувале да направите голема инвестиција, да ги промените деловните стратегии, да купите недвижен имот или да ја промените кариерата, паузирајте го процесот. Одвојте време за да ја анализирате ситуацијата, сѐ со цел го намалите ризикот од можни грешки.
Вториот часовник – личен живот
Најдете време да донесете важни одлуки во вашиот личен живот. Особено кога станува збор за брак, раскинување или преселба. Можеби се чувствувате како да сте подготвени да го направите големиот чекор, но дајте си малку повеќе време. Кога ќе ви се смират емоциите, размислете за добрите и за лошите страни на ситуацијата и дури потоа донесете одлука.
Третиот часовник – купување и недвижен имот
Можеби планирате големо купување. На пример – недвижен имот. Ова би можело нешто за што одамна сте сонувале, а сега се чувствувате како да сте подготвени да го остварите. Но, ве советуваме да почекате малку, да ги измерите предностите и недостатоците и дури потоа да донесете одлука.
Четвртиот часовник – семејството и пријателите
Кога станува збор за семејството и пријателите, важно е да избегнувате избрзани одлуки. Особено ако тоа може да влијае на вашата врска. Одвојте доволно време за да го пронајдете оптималното решение кое ќе одговара на сите.