Пикси повеќе нема да го повикува Милинковиќ-Савиќ во националниот тим

Макфакс

02/06/2025

12:48

669

Големина на фонт

а а а

Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикси, во пресрет на квалификацискиот натпревар со Албанија во Тирана, ја разјасни ситуацијата со фудбалерот на Ал Хилал, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и голманот на Торино, неговиот брат Вања.

„Ситуацијата со Вања е таква, во моментот кога почнавме во Лигата на нации… Се пожали на повреда на колкот. Ги бранеше сите натпревари во Торино, ја почитував таа одлука. Пропушти практично една година, продолживме со играчите на таа позиција со кои продолживме и тоа е тоа. Не можам да ставам двајца голмани. Малку е глупаво. Сите што бранеа ја оправдаа довербата. Вратата не е затворена. Не е исклучено да биде на списокот во септември“.

Неговиот брат Сергеј долго време не играл за репрезентацијата, иако не е повреден и игра добро во Саудиска Арабија.

„Што се однесува до Сергеј, мислам дека разговаравме пет пати. Тој го задржа ставот дека не е ментално подготвен. Што се однесува до мене, додека сум селектор, тој повеќе нема да добива покани. Мислам дека нема смисла да се губи време. Без разлика дали играл или не, сепак имам голема почит кон него. Неговиот став е дека не е ментално подготвен. Ќе признаете, по пет разговори, нема потреба повеќе да се зборува за тоа. Би повторил дека нема никаква врска со мене. Не станува збор за никаква караница, би ги замолил луѓето да не прават непотребни приказни. Немам желба ниту енергија да убедувам никого.“ заклучи селекторот на Србија.

Сергеј одигра 54 натпревари за српската репрезентација од своето деби под водство на Младен Крстајиќ во ноември 2017 година.

Постигна девет гола и осум асистенции. Последниот настап го имаше на ЕУРО 2024, каде што по 90 минути на првиот натпревар против Англија, ги одигра последните 26 минути на вториот натпревар против Словенија, и влезе само во последните три минути во решавачкиот натпревар за нокаут фазата против Данска.

Србија ќе и гостува на Албанија во Тирана на 7.јуни.