Барселона имаше супер успешна сезона во која освои три трофеи во Шпанија и тоа првенството, Копа Дел Реј и Супер Купот, додека пак во Лигата на шампионите дојде до полуфиналната рунда каде доживеа болна елиминација од Интер.
Каталонците се надеваат дека оваа година ќе биде само почеток на една успешна ера во клубот, а дали тоа ќе биде така ќе видиме веќе во натпреварувачката 2025/2026 за која новиот шпанскиот првак почна да се подготвува.
Потпишани се ново договори со важните играчи, има уште некои прашања кои треба да се решат кога се работи за оваа тема, но во исто време се работи и за освежување на тимот. Како што стојат работите прво засилување за Барса на следната кампања ќе биде 24-голман Жаон Гарсија.
Гарсија беше најдобар голман во Примера во изминатава година и со тоа го привлече интересот на доста тимови меѓу кои и Барселона која сака да ја искористи оваа можност да пазарот затоа што неговата откупна клаузула изнесува само 25 милиони евра.
„Спорт“ пренесува дека во основа се е договорено и ако не се случи некој пресврт во последен момент, досегашниот член на Еспањол ќе премине во градскиот ривал. Тој ќе добие петгодишен договор што јасно покажува дека клубот во него гледа голман на долги стази.
Зделката би можела да за затвори на крајот на оваа седмица, но според „Спорт“ пореално е тоа да се случи наредната недела.
Останува да се види како ова ќе влијае на капитенот Марк Андре Тер Штеген, плус тука е и Војчех Шчесни кој според информации ќе ја прифати понудата и ќе остане на „Камп Ноу“.