Манчестер Јунајтед како клуб ќе има сериозен предизвик во овој летен преоден рок затоа што повеќе од јасно е дека му се потребни засилувања на менаџерот Рубен Аморим, но во исто време ќе мора да внимава како ги троши пари затоа што ресурсите се ограничени особено откако се остана без пласман во Лигата на шампионите.
Јунајтед веќе го доби првото засилување во името на Матеус Куња од Вулверемптон, потег за кој позитивна оценка даде и легендарниот Рио Фердинанд.
- Морам да кажам, навистина сум возбуден што го потпишавме Куња. Среќен сум што го потпишавме, задоволен сум од тоа колку бевме агресивни, од тоа што веднаш дејствувавме, - рече Рио кој призна дека е разочаран од Џереми Фримпонг заврши во редовите на големиот ривал Ливерпул.
- Морам да бидам искрен, боли тоа што Фримпонг заврши во Ливерпул. Мислам дека совршено би се вклопил во начинот на кој Рубен Аморим сака да игра, - истакна некогашниот англиски репрезентативец.