Алонсо ја донел првата значајна одлука како тренер на Реал

Дерби

02/06/2025

11:30

1.221

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо ја заврши приказната со Баер Леверкузен и се врати дома каде во иднина ќе го води шпанскиот великан Реал Мадрид.

Реал по лошата сезона се одлучи да направи промени и Карло Анчелоти да го замени со Алонсо кој имаше добри резултати со „фармацевтите“. Ова за Чаби е камбек на „Сантијаго Бернабеу“ со таа разлика што сега ќе има поинаква улога и како тренер ќе треба да донесе успеси за сега веќе екс европскиот и шпански шампион.

Стратегот веќе ја донел првата позначајна одлука, а таа се однесува на формацијата. Познато е дека Алонсо сака да игра со 3-5-2 и многумина се прашуваа како Реал ќе изгледа во истата и дали тој систем ќе може да го донесе тоа што се очекува. „Марка“ пренесува дека Чаби нема да биде тврдоглав и решил формацијата 4-3-3 да биде примарна иако тоа не значи дека нема да прави промени и да се обиде да внесе дел од својата магија, знаење.

Овој систем дефинитивно носи поголема корист за офанзивците кои Реал и тоа како ги има, ама останува да се види како ќе влијае на дефанзивците затоа што веќе се доведени Александер Арнолд, Хаусен, се најавуваат и други имиња, па ќе биде интересна реакцијата на староседелците како Карвахал, Ридигер, Милитао, Алаба, плус тука и е Раул Асенсио.