Водовод: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо

Макфакс

01/06/2025

12:51

1.429

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и канализација Скопје информира дека успешно е завршена акцијата за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил. Велат тоа е потфат кој се прави еднаш на 60 години за подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намалување на загубите на вода и трае 15 часа.

Зафатот е завршен успешно, а за да нема дефекти на водоводната мрежа при повторно пуштање на водата под притисок, се работи полека и постепено со цел да се регулира мрежата, соопштија од претпријатието.

„Утрово беше постигнато нивото на редовно водоснабдување преку населено место Железара во општина Гази Баба, но поради преголема потрошувачка и повлекување од Чаир мрежата се празни пребрзо односно пред да може да се стабилизира водоводната мрежа има пад. Се замолуваат граѓаните за трпение и рационално да користат се до стабилизација на мрежата во спротивно ќе предизвика Чаир недостаток за половина град кој може да трае со денови“, известија од Водовод.

Оттаму велат дека со реализација на овој проект се подобруваат хидрауличките услови во водоводната мрежа, со монтирање на игличест регулационен вентил во ново изведена мерно регулациона шахта со пропратна хидротехничка опрема, како и поврзување на постоечкиот магистрален цевковод Ф 1600mm кај Железара, со постоечкиот магистрален цевковод Ф 700mm на булевар Александар Македонски кој се напојува од градскиот магистрален цевковод Ф 1600mm, преку ново предвидениот магистрален цевковод Ф 700mm, кој ќе биде поставен по должината на ново предвидениот бул.Хрватска. Со ваквото поврзување се создадаваат условите за формирање на циркуларен прстен за поврзување на двата магистрални цевководи во градот Скопје.