„Al Ba'sa“ или „Инает“ е името на најтенката зграда во Бејрут, а според многумина и во целиот свет.
Во најтесната точка таа е широка само 60 сантиметри, а во најшироката точка 3,9 метри. Се наоѓа во близина на стариот светилник во Манара.
Инаку таа била изградена во 1954 година и тоа од инает. Имено, двајца браќа се скарале поради земјиштето што нивниот татко им го оставил во наследство – едниот брат зел минијатурно парче земја со чудни димензии на кое не можело да се изгради ништо пристојно, а другиот добил атрактивен дел со поглед на Средоземното Море.
Па поради тоа првиот брат од инает изградил тенка зграда висока 14 метри, која го блокира погледот кон Средоземното Море, а со тоа ја намалува вредноста на земјиштето на вториот брат.
Иако изгледа како ѕид со тераса, во „Al Ba'sa“ наводно има по два стана на секој кат. Во едниот од становите наводно со години постоела јавна куќа, а во другите биле сместени бегалци.