Еден од двата најголеми аеродроми во Брисел евакуиран поради закана за бомба

Макфакс

13/05/2025

19:19

188

Големина на фонт

а а а

Аеродромот во Брисел „South Charleroi“, еден од двата главни аеродроми во белгиската престолнина, е повторно отворен откако утрово целиот воздушен сообраќај беше прекинат поради закана за бомба на лет на „Рајанер“ од Португалија.

Како што објавија белгиските медиуми, сите дојдовни и појдовни летови беа запрени неколку часа откако на летот од Фаро непосредно пред 11 часот беше примена закана за бомба.

Авионот веднаш бил пренасочен кон затскриено подрачје на аеродромот, а властите воспоставиле безбедносен периметар во радиус од 500 метри.


Терминалот не беше евакуиран бидејќи се наоѓа надвор од безбедносната зона.

Полицијата изврши безбедносни проверки и утврди дека нема опасност, па затоа беше одлучено дека воздушниот сообраќај може да продолжи.

„Пистата повторно се отвори во 13:45 часот и летовите се обновени“, објави аеродромот на Фејсбук.

И покрај ова, се очекуваат доцнења на летовите во текот на попладневните часови.