Ливерпул и Арснеал одиграа едно безначајно дерби во Премиер лигата кога е натпреварувачкиот дух во прашање, па оттаму и мирољубивите 2:2 кои ги оставија половична задоволни и двете страни.
Во ситуација кога двата тима немаат што да бркаат во преостанатите натпревари во домашното првенство, вчера посебно во фокусот се најде пречекот кој го имаше Трент Александер Арнолд, фантастичниот дефанзивец кој самиот најави дека си заминува од Ливерпил на крајот од сезоната.
Англискиот репрезентативец доби доста свирежи на „Енфилд Роуд“ и покрај тоа што во протестите не учествуваа сите навивачи на Ливерпул, но бидејќи исвиркувањата доста силно се слушаа, Џејми Карагер реши да му испрати искрен совет на Арне Слот во пресрет на завршните два меча од сезоната, односно побара од него да не го става во игра.
– Изненаден сум од тоа колку многу луѓе го исвиркуваа Трент. Нормално е да очекувате да има такви, ги сфаќам фановите, но јас никогаш не би свиркал играч кој го носи дресот на мојот клуб. Не можам да одобрам исвиркување на играч кој донесе важни титули за клубот. Сфаќам дека има многу повредени фанови, но не стојам зад исвиркувањето.
– Трент одбра да си замине и сметам дека не треба да добие посебно испраќање во оваа ситуација. Мислам дека ова беше негов последен настапи за Ливерпул и подобро е да биде така. На Ливерпул не му е потребен нов ваков циркус со Трент, – изјави Карагер.