Полицијата вчера го приведе Г.Т.(44) од Кавадарци.
„Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта“, велат од МВР.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.