Филипче молчи за потеклото на златната виза за Дубаи, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

12/05/2025

09:38

251

Големина на фонт

а а а

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза. Филипче молчи за потеклото на златната виза за Дубаи, која може да се добие само преку инвестиции., обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека Филипче 3 месеци ја лаже македонската јавност.

„Прво велеше дека нема виза, па потоа призна дека има. Овие менувања на ставови на Филипче, не се нови. Лаги и менување на ставови на дневна основа, правеше неговиот ментор, Зоран Заев. Филипче како чирак и ученик на Заев, продолжува по неговите стапки. Ем лаже, ем манипулира, ем златна виза за Дубаи. Македонската јавност заслужува одговори. Филипче мора да одговори на тоа од каде му е нему златна виза и како дошол до неа? Дали има приватен бизнис кој го крие од јавноста? Дали можеби Филипче има удел во бизнисот на Заев за градење 50 катница во Дубаи?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека Филипче и Заев треба да се минато во македонската политика и да одговараат за нивните предавства и криминал. „Филипче, Заев и СДС се синоним за неспособност, криминал и предавство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.