Актерот од филмовите за Хари Потер, Ник Моран, итно е пренесен во болница каде бил подложен на ризична операција. Веста ја пренесе неговиот пријател кој ги замоли обожавателите да се молат за него.
На фотографијата споделена на социјалните мрежи, Ник може да се види како лежи во болнички кревет на интензивна нега и покажува со палците нагоре кон камерата. Актерот носи и ортопедска јака, пишува „Мирор“.
Неговиот пријател Тери Стоун им се обрати на обожавателите на социјалните мрежи: „Имам вести за вас за Ник Моран. Тој имаше тешка операција и се опоравува на интензивна нега. Ни ги дава палците нагоре, но сепак му треба вашата поддршка, молитви и љубов. Да се молиме целосно да закрепне и наскоро да се врати во нормала“.
Harry Potter's Nick Moran 'might never walk or talk again' after emergency operationhttps://t.co/GgCEEDYdOo pic.twitter.com/ysBVUNe0ZS
— Mirror Celeb (@MirrorCeleb) April 11, 2025
Тој додаде: „Пред неколку месеци снимивме одличен поткаст заедно. Ник е многу повлечен и не е присутен на социјалните мрежи, а ова беше ексклузивен настап за нас. Сите заедно можете да не гледате оваа недела во 18 часот. Доколку има нови информации за Ник, ќе ве известам во разговорот во живо истата вечер“.
Обожавателите и пријателите веднаш побрзаа во коментарите за да му посакаат брзо закрепнување. Диџејот и продуцент Том Занети напиша: „Му посакувам сила и брзо закрепнување“.
Еден обожавател напиша: „Ја испраќам сета моја љубов и желби за брзо закрепнување“, „Изгледа позитивно и звучи охрабрувачки, па затоа се молиме дека Ник наскоро ќе застане на нозе“.