Легендарната актерка Анџелика Хјустон откри дека се борела со рак: Дијагнозата ја чувала во тајност шест години

Точка

11/04/2025

21:51

1.841

Големина на фонт

а а а

Легендарната актерка Анџелика Хјустон сподели со јавноста дека пред шест години ѝ бил дијагностициран рак и дека ја добила битката со оваа тешка болест.

Иако не сакаше да го открие точниот тип на рак, изјавила дека дијагнозата дошла по премиерата на филмот „Џон Вик: Поглавје 3 – Парабелум“ (John Wick: Chapter 3 – Parabellum) во кој таа ја имаше една од главните улоги.

„Тоа беше исклучително сериозен момент во мојот живот. Иако се соочив со голем предизвик, успеав да го надминам и горда сум на тоа. Тоа не беше нешто што дојде лесно, ме шокираше, но исто така ми ги отвори очите за тоа што треба и што не треба да правам. Научив важна лекција – да не го сфаќам животот премногу сериозно. Денес, кога и да имам прилика, се трудам да се смеам и да не ги преувеличувам работите“, изјави Хјустон во интервју за „Пипл“.


Актерката сподели и дека редовно оди на лекарски прегледи и веќе шест месеци е целосно здрава, што многу ѝ значи.

„Се чувствувам фантастично. Тоа е навистина голема работа за мене. Горда сум на себе и имам среќа што моите лекари беа извонредни“, додаде таа.

Позната по улогата на Мортиша во „Семејството Адамс“, Хјустон ги објасни и причините поради кои решила да ја сподели својата приказна.

„Понекогаш мислите дека не сакате да зборувате за овие работи од очигледни причини, но всушност можете да постигнете многу зборувајќи за тоа. Споделувањето на вашата приказна, славењето на фактот дека е готово, има огромно значење. Животот е кревок и убав, а исто така прави да се чувствувате како светот да не е толку голем и дека можете да се натпреварувате со него.


Конечно, Анџелика ја прокоментира и можноста за пензионирање, јасно потенцирајќи: „Не, не можам да замислам. Би помислила дека би било премногу, дури и за мене“.