[АУДИО] Ќерката на Дејвид Боуви објави албум, луѓето воодушевени: „Звучиш исто како него“

Точка

11/04/2025

20:36

2.998

Големина на фонт

а а а

Лекси Џоунс (24), ќерката на легендарниот музичар Дејвид Боуви, го објави својот прв албум „Xandri“, по грчкиот збор што значи „заштитничка на човештвото“.

Последниве неколку недели Лекси, со вистинско име Александрија Захра Џоунс, објавуваше извадоци од новите песни на Инстаграм, каде сподели и неколку моменти од детството, меѓу кои и фотографија на која Боуви ја држи в раце.

Нејзините објави предизвикаа лавина реакции кај следбениците. Многумина ги пофалија нејзините текстови, а некои нагласија дека нејзиниот глас потсетува на Боуви.

„Твојот глас нè носи во сосема нов универзум“, „Лекси, ме воодушевуваш со својот талент“, „Веќе трипати го слушав твојот албум“, „Имаш прекрасен глас“, се дел од коментарите.

Да потсетиме, Лекси е ќерка на Дејвид Боуви и неговата вдовица, манекенката Иман. За разлика од полубратот Данкан Џоунс, чија мајка е добитничката на Греми, Енџи Боуви, Лекси главно водеше приватен живот. Иман во 2018 изјави дека нејзината ќерка ја сметала за премногу заштитнички настроена бидејќи се обидувала да ја држи подалеку од јавноста.

„Ѝ реков дека сето тоа ќе ја почека, нема да исчезне. Уживај во приватниот живот додека можеш, бидејќи еден ден тој ќе стане јавен“, објасни Иман во интервју за списанието „Портер“.


Дејвид Боуви почина на 10 јануари 2016 година, неколку дена по својот 69. роденден. Осумнаесет месеци претходно му беше дијагностициран рак на црниот дроб, но пејачот не ја сподели својата дијагноза со јавноста. Веднаш пред смртта го објави и албумот „Blackstar“, на кој се наоѓа песната „Lazarus“, за која многумина сѐ уште веруваат дека е негова најава на сопствената смрт.