Зошто вашето куче постојано ве гледа: Сака да ви „каже“ нешто многу важно

Точка

10/04/2025

16:50

4.347

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте имале чувство дека вашето куче ве гледа постојано, следејќи го секое ваше движење? Иако причините може да бидат различни, едно е сигурно – кучињата навистина често интензивно ги набљудуваат своите сопственици. А многумина се прашуваат: Зошто го прават тоа?

Одговорот не е едноставен, бидејќи кучето може да ве гледа од повеќе причини. Најчесто, сепак, станува збор за обид за комуникација или очекување дека ќе му се обратите.

Кучињата нè „читаат“ како отворена книга

Ако постои животно што е навистина блиско до човекот, тоа е кучето. Ниту еден друг вид не е толку приспособен на луѓето. Кучињата го чувствуваат нашето расположение, ги толкуваат нашите движења и се обидуваат да го предвидат следниот чекор. Затоа погледот честопати не е случаен – кучето собира информации од околината. Со други зборови, ве набљудува затоа што очекува дека нешто што и него го засега ќе се случи наскоро.


Очекуваат команда – и награда

Кучињата често ги набљудуваат своите сопственици додека чекаат команда. Тоа може да бидат едноставни наредби како „седни“ или „дај шепа“, кои за нив се можност да добијат вкусна награда или омилена играчка. Ова е особено изразено кај кучиња кои се тренирани со позитивно поткрепување – тие постојано „ловат“ нова можност за награда.


Сакаат нешто да ви кажат

Погледот кон вас може да значи и дека вашето куче се обидува да ви ја привлече вниманието. Ако е време за прошетка, можеби ќе седне покрај вратата и ќе ве гледа. Ако е гладно, а вие јадете, неговиот поглед јасно ќе покажува дека сака да споделите од оброкот.

Во некои случаи, кучето го користи погледот и како средство за манипулација. Ако научило дека со тоа добива храна – ќе го повторува тоа однесување. Но, ако доволно долго го игнорирате, најверојатно ќе се откаже.


Изразуваат емоции преку поглед

Погледот кај кучињата може да биде и начин на изразување емоции – и позитивни и негативни. Затоа никогаш не е препорачливо да гледате директно во туѓо куче или да го присилувате да воспостави контакт со очи.

Ако вашето куче ве гледа, со затегнато тело и без трепкање – повлечете се и избегнувајте директен контакт со очи. Таквото однесување може да биде знак на вознемиреност, особено ако чува своја играчка, коска или омилена грицка. Во тие ситуации, погледот е дел од заштитничко однесување и потенцијална агресија.